Вегетеријанска исхрана:
Без месо до здрав живот
Без месо до здрав живот
Што е
вегетаријанска исхрана?
Вегетаријанството
е начин на исхрана кој се состои од конзумирање на храна од природно потекло,
исклучувајќи ги рибата и месото.
Вегетаријанците може да користат млечни и животински производи, како што се јајца, млеко и сл.
Во светски рамки сè повеќе луѓе се интересираат за вегетаријанството и сè
поголем е бројот на луѓе кои поради најразлични причини се откажуваат од месото
и продуктите од животинско потекло. Многумина преминуваат кон вегетаријанска
исхрана поради грижата за животните и животната средина, или пак, заради
сопственото здравје, но кај друг дел вегетаријанци мотивацијата има религиозна
или економска позадина.Вегетаријанците може да користат млечни и животински производи, како што се јајца, млеко и сл.
Вегетаријанците прифаќаат посебна исхрана која го исклучува консумирањето на месо (вклучително риба и морска храна). Здружението на вегетаријанци го дефинира вегетаријанецот како личност која се храни со житарки, мешунки, јаткасти плодови, семиња, овошје и зеленчук, а може да консумира и јајца и/или млеко и млечни производи.
Вегетаријанството
не е минлив тренд како што би го опишале одредени лица, туку тоа е начин на
живеење и размислување, прифаќан и негуван векови наназад. Исто така, на
вегетаријанската исхрана не треба да се гледа како на диета
за слабеење, тоа е промена во животниот стил која вклучува нов режим
на хранење.
Вегетаријанство е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови). Вегетаријанството е практика со која се воздржуваме од конзумирање на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните. Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните. Ваквите етички образложенија се кодифицирани под различни верски убедувања, заедно со концептот за правата на животните. Други образложенија за вегетаријанството се поврзани со здравјето, со политиката, со околината, со културата, со есететиката или со економијата. Исто така, постојат и разни варијанти на исхрана: ововегетаријанската исхрана вклучува јајца но не млечни производи, алактовегетаријанската исхрана вклучува млечни производи, но не и јајца, а оволактовегетаријанската исхрана вклучува и јајца и млечни производи. Веганската или строгата вегетаријанска исхрана го отфрла конзумирањето на сите животински производи, вклучувајќи ги јајцата, млечните производи, пчелиниот восок и медот. Исто така, веганите избегнуваат производи од животинско потекло како што се кожена облека и маст од гуски која се користи како боја за чевли. Различни видови спакувана или обработена храна како што се торти, колачиња, бонбони, чоколади, јогурти и маршмало често содржат непознати животински состојки и можат да претставуваат особен проблем за вегетаријанците поради веројатноста од постоењето на вакви додатоци.

Видови на
вегетаријанци:
Вегетаријанството
опфаќа повеќе типови на исхрана и многу често доаѓа до забуни при дефинирањето.
Можеби сте слушнале „Веган сум, не вегетаријанец“ или „Вегетаријанец
сум, но не јадам јајца“ или „Вегетаријанец сум, но јадам риба“.
Токму поради различните преференции на лицата кои практикуваат вегетаријанска
исхрана, се издвојуваат неколку типови на вегетаријанци.
·
Веганство - строго
растителна исхрана (житарици, мешунки, овошје и зеленчук). Целосно ги исфрлаат
производите од животинско потекло, па дури и медот.
·
Лактовегетаријанство - покрај растителните продукти, јадат и
млеко и млечни производи.
·
Ововегетаријанство - покрај
растителните продукти, јадат и јајца.
·
Оволактовегетаријанство - покрај
растителните продукти, јадат и јајца, млеко и млечни производи.
·
Полувегетаријанство - покрај вегетаријанската исхрана јадат
и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо.
·
Песковегетаријанство - покрај растителните продукти, јадат и
риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна иахрана.
·
Вегетаријанство со пресна храна - јадат
само сирови продукти, најчесто од растително потекло (овошје, зеленчук, ореви,
семки, студено цедено масло за јадење, мед и житарки) Сметаат дека со готвењето
на продуктите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни
канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце.
·
Вегетаријанство со
здрава храна - макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна
базирана на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени продукти,
без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано
масло и бело пченично брашно.
·
Фрутаријанство - јадат само овошје.
·
Радикално фрутаријанство - јадат само овошни плодови
кои сами паднале на земја.
·
Сатвик вегетаријанство (анг. sattvic diet) , позната
и како јога- исхрана - исхрана која се засонова на растенија и која може да
вклучува млечни производи (но не јајца) и мед, и која го исклучува
конзумирањето на какви било зеленчуци од семејството на кромид и праз, црвена
леќа, плодовите од големото азиско дрво Duriо, печурки, сини сирења,
ферментирани видови храна или сосови, алкохолни пијалоци и честопати го
исклучува и конзумирањето на кафе, црн или зелен чај, чоколада, мушкатов орев
или каков било друг вид на стимулативни средства, како што се прекумерно
острите зачини.
·
Будистичко вегетаријанство (анг. Buddhist vegetarianism). Различните будистички
традиции имааат различни учења за исхраната, коишто можат и да варираат од едни
ракоположени монаси и монахињи до други. Многумина, но не сите, го објаснуваат
правилото ,,да не се убива” за да побараат воздржување од јадење на месо. Во
Тајван, су вегетаријанството (анг.su vegetarianism) не само што го исклучува
конзумирањето на сите животински производи, туку и на зеленчуците од
семејството лук( кои имаат карактеристична арома на кромид и лук): кромид, лук,
млад кромид, праз, сибирски кромид (анг.chives) или мечкин кромид
(анг.shallos).
·
Џаин вегетаријанството (анг. јain vegetarianism) го
вклучува конзумирањето на млечни производи, но не и јајца, мед и коренести
зеленчуци.
Како се започнало?
Историја на вегетаријанската исхрана
Според тврдењето на некои научници,
нашите човеколики предци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè
до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според Библијата, Адам
и Ева во Рајот јаделе само овошје.
Веродостојните извори велат дека
вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во
Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална
пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во Европа, грчкиот философ Питагора,
кој живеел кон крајот на 6 век п.н.е. бил поборник на вегетаријанството. Во
Питагорејските школи не се јадело месо од убиени животни, а целта била да се
создадат универзални закони според кои не би смееле да се убиваат живи
суштества, ниту да се јаде нивното месо.
Во средниот
век во Европа честото и
секојдневно јадење на месо било симбол за богатство и моќ. Сепак, постоеле
многу христијански редови кои не практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат
и Богомилите.
Во 17 и 18 век, посебно во Велика
Британија, за вегетаријанството почнува да се зборува како за
исхрана која нуди „здраво тело и здрав дух“. Во 1847 година,
овој начин на исхрана го добива своето име „вегетаријанство“ од латинскиот збор vegetus што
значи - жив. Таа година, на состанок во англискиот приморски град Рамсгејт е
основано Вегетаријанското друштво (Vegetarian Society), кое постои и денес. Во
1880-те години, во Англија постоеле
52 вегетаријански ресторани. Денес вегетаријанството добива сè повеќе
приврзаници, а за тоа помагаат и продавниците за здрава храна кои се отвораат
ширум светот.
Најраните записи за
(лакто)вегетаријанството доаѓаат од древна Индија и од античка Грција од 5 век
п.н.е. На пример,во Азија исхраната била тесно поврзана со идејата за
ненасилство врз животните (во Индија наречена ahimsa) и била подржувана од
религиозни групи и филозофи. За Хелените, Египќаните и другите народи, исхраната
била наменета за медицински или за ритаулни цели за прочистување.
Заштита на фауната барал и Индискиот
император Ашока.
Вегетаријанството повторно се појавило
за време на ренесансата, станувајќи се пораспространето во 19 и 20 век. Првото
Здреужение на вегетаријанци е основано во 1847 година во Обединетото Кралство а
потоа и во Германија, Холандија и други земји. Во 1908 година е основан
Меѓународниот вегетаријански сојуз, кој претставува здружение на национални
општества. Популарноста на вегетаријанството пораснала во 20 век во западните земји, како
резултат на проблеми поврзани со исхраната, етички проблеми, а од неодамна и
еколошки и економски проблеми.